Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје вчера го лишија од слобода Г.М.(38) од Скопје, информира МВР
По добиени информации дека тој набавува дрога во поголеми количини која ја препакува и ја продава, по добиена наредба од Основен суд Скопје, извршен е претрес во домот во кој живее и помошна просторија-гаража, при што се пронајдени и одземени 13 пакувања кокаин, 7 пакувања кристал мет, 1 пакување екстази и ќесички со марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана, велат од МВР и најавуваат дека по документирање на случајот против Г.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.






