Како што информираат од СВР Битола, изутрината, во 8,10 часот во прилепската полиција e пријавено дека околу 7 часот настанал пожар во викенд куќа во месноста Бегова ливада, во околината на Прилеп. Во викенд-куќата живеел 89-годишниот прилепчанец со иницијали Т.М. Тој починал на лице место.
Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид направил јавен обвинител и телото е предадено на семејството






