понеделник, 16 март 2026
Една годија по страшната трагедија во Кочани во која загинаа членови на групата

Преживеаниот гитарист од ДНК се сретна со лекарите кои му го спасија животот

Гитаристот на групата ДНК, Горан Тонев, кој беше еден од повредените во трагичниот пожар во Кочани што се случи на денешен ден пред една година, објави фотографии од медицинскиот персонал од болницата „Папаниколау“ во Солун, каде што беше хоспитализиран по пожарот.

Објавено на

часот

Сподели

Во објавата на Фејсбук, Тонев вели дека неговата благодарност кон нив е бескрајна.

„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од болницата ‘Папаниколау’. Мојата благодарност кон нив е бескрајна“, пишува гитаристот на ДНК во објавата на социјалните мрежи.

Болницата „Георгиос Папаниколау“ во Солун беше еден од трите медицински центри во Грција што на 16 март минатата година ги отворија вратите на своите специјализирани одели за изгореници. Меѓу пациентите кои беа хоспитализирани во солунската болница беа две девојки и едно момче на возраст од 19, 25 и 26 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ