вторник, 31 март 2026

Претседателот Макрон се оградува од коментарите на Бајден за Путин

Објавено на

часот

Сподели

„Не би користел такви термини бидејќи сè уште сум во преговори со претседателот Путин“, рече Макрон. Коментирајќи ги изјавите на Бајден за рускиот претседател, Макрон рече дека сака „да ја запре војната што Русија ја започна во Украина без војна“.

„Тоа е целта и ако сакаме да ја постигнеме, не ни треба ескалација со зборови или дела. Ние Европејците не смееме да подлегнеме на ескалација, и не смееме да заборавиме на нашата географија и историја. Не сме во војна со рускиот народ “, рече тој и додаде дека Европа повеќе не е во контекст на Студената војна меѓу Москва и Вашингтон.

Макрон исто така рече дека ќе разговара со Путин во понеделник или вторник за да организира, без одлагање, евакуација на жителите на Мариупол, со помош на Турција, Грција и хуманитарни организации и со соработка на украинските власти и градоначалникот. Тој го поздрави „херојството“ на жителите на Мариупол.

Според податоците дадени од градоначалникот, досега во Мариупол се убиени повеќе од 2.000 цивили. Претседателот Володимир Зеленски објави дека околу 100.000 луѓе се уште се блокирани во тој град на Азовското Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ