сабота, 10 јануари 2026
Време

Претпладне дожд, попладне снег

Времето во Македонија денека ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер (над 60км/ч.). Дневните температури ќе се движат од 1 до 8 Целзиусови степени. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 см, а во останатите места од 5 до 10 см.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени локални врнежи од снег и дневни температури од -3 до 6 степени. Ќе дува умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ