понеделник, 8 декември 2025

Премиера на претставата „Малиџано“ во Битола

Објавено на

часот

Сподели

Во „Малиџано“, чиј режисер е Софија Ристевска Петрушева, по прв пат на театарската сцена ќе настапи актерот дебитант Валентин Дамчевски.

„За мене „Малиџано“ е претстава во која актерот е слободен да ги изрази своите ставови, доживувања…и иако претставата нема комплицирана режија, самото дејствие придонесува за комплицирана естетика која верувам ќе и се допадне на публиката“, истакна актерот Дамчевски во пресрет на својот прв настап на театарската сцена.

Дамчевски ќе настапи заедно со искусните актерки и актери на битолскиот театар, односно со Маја Андоновска Илијевски, Никола Пројчевски, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Никола Стефанов, Анастазија Христовска и Живко Борисовски.

Кореографијата во претставата ја подготви Кире Миладиноски, костимографијата е на Андреј Папаз Ѓоргиевски, а сценогаф Драган Анѓелковиќ.

Театарската претстава „Малиџано“ е поддржана од Министерството за култура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ