Пред планираниот ребаланс на Буџетот во Македонија ќе дојде делегација на ММФ која ќе ја проценува кондицијата на македонската економија за евентуалното ново задолжување. Тимот на Меѓународниот монетарен фонд ќе анализира дали ги исполнуваме условите за заемот за претпазливост и ликвидност, кој би бил со камата од 1 процент. Увидот на ММФ би требало да заврши до 3 мај.
Од опозицијата велат дека со новото задолжување власта ја носи Македонија во економски колапс.
Јавниот долг на Македонија сега изнесува вкупно 60,8 проценти од БДП, а веќе има проекции дека ќе достигне 63,5%.
Според некоја проценка на македонските експерти кризата го испразни буџетот за околу 1,1 милијарди евра неопходни за да се сервисираат обврските.
Според првичните предлози за ребалансот на Буџетот секое министерство е задолжено да скрати по 10% од трошоците, а ќе се им се земат и парите кои им останале непотрошени за првиот квартал. Тоа би било заштеда од 443 милиони евра. Дел од овие пари веќе се планирани за покривање на загубите предизвикани со енергетската криза.
Не прекинуваат протестите за поголеми плати на сите „буџетари“ – образование, администрација,јавен сектор…
Предвидениот раст на БДП од 4,2% ќе се ревидира на 3,2%, а буџетскиот дефицит од планираните 4,3% ќе надмине 6 отсто.






