Славески ќе има седумгодишен мандат, а предлогот тој да биде иден гувернер го достави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Таа пред да ја донесе одлуката, разговараше со кандидатите за гувернер, а во информацијата објавена по изборот напиша дека изборот меѓу кандидатите бил тежок и дека се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.
„Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, посочија од кабинетот на претседателката.
Од ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека ќе дадат поддршка за предлогот за иден гувернер, додека одопозицијата изјавија дека нема да гласаат за предлогот затоа што според нив се работи за партиски кадар, а не за експерт што досега било традиција при изборот на гувернер.
На дневен ред на оваа седница се и дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, во второ читање и предлог на законот за изменување на Законот за културата, по скратена постапка.