Тој информира дека во акцијата се ангажирани 10 припадници на Национални шуми – подружница Куманово со две специјализирани возила за гаснење шумски пожари, Противпожарната единица од Куманово со едно возило и месното население.
ЦУК наведува дека директорот Али е на терен, ја координира целата акција за гаснење и ги следи активностите на сите ангажирани екипи.

Вкупно 10 пожари на отворен простор се регистрирани до 12 часот. Од нив активни се шест, еден е под контрола, а изгаснати се три.






