„Не можам да кажам дали е подметнат пожарот, тоа ќе го утврдат надлежните органи. Важно е дека спречивме ширење на пожарот. Има во кругот на фабриката многу иверици, остатоци од мебел, лепила и други материјали кои се лесно запалливи“, рече командирот.
Градоначалничката на Скопје и градоначалникот на Центар рекоа дека пожарникарите многу брзо реагирале и дека спречиле поголема штета и ризик од ширење кон куќи.
Граѓани велат дека кругот на поранешната фабрика е огромен и дека има запустени објекти, некогашни хали и бараки каде секојдневно се собираат бездомници. Според некои граѓани, често пати забележале непознати лица таму горат кабли за струкја со цел да го извлечат бакарот од нив и да го продадат.
Се работи за атрактивен простор во централното градско подрачје, за кој постојат планови да се изгради голем комплекс од згради, на што се противат граѓански организации.






