сабота, 20 декември 2025

Пожарот кај Тажево опасно се шири кон Јасен

Пожарот во атарот на село Тaжево се проширува кон Борова Брезница. Гори борова шума, а пожарот лесно може да се прошири кон резерватот јасен. Тука има густа шумска вегетација која ако биде зафатена од пожарот може да предизвика сериозни последици, велат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Овој терен е многу стрмен и тешко пристапен и за противпожарните возила и за противпожарните летала.

На терен веќе се вработените од јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ и едно теренско возило специјализирано за гаснење шумски пожари. Планирано е да интервенираат од противпожарните единици на Македонски Брод, а активирани се и ер-тракторите за гаснење од воздух.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ