понеделник, 8 декември 2025
ЦУК за последното деноноќје

Пожарникарите се бореа со 18 пожари, изгаснаа 13, а пет се ставени под контрола

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од нив нема ниту еден активен, под контрола се ставени пет, додека 13 пожари се изгаснати.

Објавено на

часот

Сподели

Како што стои во соопштението од ЦУК, под контрола се ставени пожарите во општина Долнени кај селата Долгаец и Стровија каде гори нискостеблеста вегетација, во општина Гази Баба кај депонијата Вардариште, во општина Гевгелија на планината Кожуф, во општина Македонски брод кај повеќенаменското подрачје Јасен каде гори мешана шума и во општина Липково кај селото Никуштак каде што гори мешана шума.

„На ден 02/03.09.2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 18 пожари на отворен простор од кои нема активни, под контрола се 5 и изгаснати се 13 пожари. Под контрола: Општина Долнени, с.Долгаец – с.Стровија (нискостеблеста вегетација), Општина Гази Баба, Депонија Вардариште (ѓубре), Општина Гевгелија на планината Кожуф (приземен пожар), Општина Македонски Брод, Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума), Општина Липково, с.Никуштак (мешана шума)“, стои во соопштението на ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ