вторник, 23 декември 2025

Пожар во куќа во Охрид во која имало муниција, сопственикот ги попречувал пожарникарите

Објавено на

часот

Сподели

Во 2.35 часот по полноќ охридскагта Противпожарна единица примила пвик за пожар во куќа, по што пожарникарите веднаш тргнале во акција со четири возила. Затекнале големо опожарување на објектот и веднаш пристапиле кон гаснење и да спречат проширување на огнот на соседната прилепена куќа.

Но, како што информираат преку Фејсбук, пожарникарите гаснеле во отежнати околности, поради голема количина на муниција и попреченост во извршување на должноста од страна на сопственикот.

Храброста и пожртвуваноста на Охридските пожарникари е очигледна, за среќа нема повредени лица, велат од Противпожарната единица и порачуваат СВР-Охрид да ги санкционира сите чинители кој вршат попречување во извршувањето на должностите на терен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ