„Повредени пожарникари има од Штип, Кочани и Св. Николе. Пожарникарите се заглавиле во стопениот шеќер од фабриката „Винчини“. Цела среќа што носеле соодветна заштитна опрема. Неофицијално повредени се и оние пожарникари кои се обидувале да ги извлечат нивните колеги. Нашите тимови се целосно вклучени во гасењето на овој пожар“, информираа пожарникарите од Струмица.








