вторник, 23 декември 2025

Повредени двајца полицајци кои интервенирале при пожар во казино во Тетово

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во 07.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец А.К. поради сомнение дека заедно со тетовецот Н.Л.(34) околу 05.00 часот фрлиле шишиња со запалива течност во спортска обложувалница-казино на улица „Илинденска” во Тетово и предизвикале пожар. При тоа, со повреди се здобиле двајца полициски службеници, кои во објектот преземале службени дејствија во врска со друг, претходно пријавен настан, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Триесет годишникот А.К. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, а полицијата најавиде дека ќе следуваат соодветни поднесоци за инволвираните. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ