Од ССМ потсетија дека бараат линеарно зголемување на платите за најмалку 2.806 денари во нето износ во јавниот и во приватниот сектор од 1 мај годинава.
„“Нема оправдување! Секој оној кој на 1 Мај ќе реши да оди на пикник, викенд или ќе остане дома, наместо да излезе на протест, нема никој да го слушне и да го види дека му треба поголема плата. На на таков начин не си помага ниту себе си, ниту на другите. Порачуваме дека не е време за салата и скара, борба е за твојата плата и за работнички права, ако не се бориш за себе и имаш добра плата, треба да бидеш солидарен и да се бориш за тие околу тебе кои немаат добра плата и немаат за добар живот“, се наведува во објавата на ССМ.
Протестот ќе започне во 12.30 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите, а ќе заврши пред Владата каде ќе бидат упатени барањата.







