среда, 1 април 2026

Поскапувањето на храната поради руската инвазија ризикува глад на милиони деца на Блискиот Исток и Северна Африка

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели дека семејствата и сега се мачат да добијат храна, за време на постот во светиот муслимански месец Рамазан.

Земјите од Блискиот Исток и Северна Африка веќе се тешко погодени од војни и сиромаштија, а пандемијата на коронавирусот ја влоши ситуацијата.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, интензивните борби во таа земја го нарушија извозот на храна. Откако почна инвазијата, западните земји воведоа економски санкции кон Русија.

Украина и Русија сочинуваат една третина од светскиот извоз на пченица и јачмен, од кои земјите од Блискиот Исток зависат за да прехранат милиони луѓе, а двете земји се исто така меѓу најголемите извозници на други житарици и сончогледово масло.

УНИЦЕФ предупреди дека ако ситуацијата продолжи, тешко ќе ги погоди децата, особено во Египет, Либан, Либија, Судан, Сирија и Јемен – земји што се бореа со конфликти и тешки економски кризи и пред војната во Украина.

Во соопштението се наведува дека таму веројатно драстично ќе се зголеми бројот на неухранетите деца.

Земјите од Блискиот Исток и Северна Африка увезуваат повеќе од 90 отсто од храната што ја консумираат, а УНИЦЕФ вели дека само 36 отсто од малите деца во регионот имаат доволно храна потребна за здрав раст и развој.

Во просек, секое петто дете е со закржлавен раст или прениско за својата возраст, додека просечниот број на децата што се премногу слаби е седум проценти.

УНИЦЕФ ги наведе Јемен, Судан, Либан и Сирија како најтешко погодени од војната во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ