четврток, 25 декември 2025

Поради страв од политички провокации, Бугарија би можела да ја пречека Македонија во Разград

Објавено на

часот

Сподели

Македонија се падна со Бугарија во Лигата на нации. Веќе некое време постои тензија меѓу двата соседи бидејќи Бугарите ја блокираа нашата земја во евроинтеграциите.
 
Бугарија треба да ја пречека Македонија на 2 јуни, а тие ја разгледуваат можноста наместо во Софија овој меч да се игра во Разград кој има околу 30.000 жители.
 
„Разговараме некои од натпреварите да ги играме надвор од Софија, една од опциите е дуелот со Македонија да го играме во Разград. Но засега ова се само разговори, конечна одлука се уште нема“, вели техничкиот директор на бугарските фудбалски репрезентации, Георги Иванов за „Спортал.бг“.
 
На стадионот во Разград игра Лудогорец и тој собира 7.000 навивачи, за разлика од „Васил Левски“ во Софија кој има капацитет од 40.000 гледачи, каде бугарската репрезентација вообичаено ги игра своите натпревари.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ