Од вкупното резидентно население 1.778.725 лица се државјани на Македонија, 53.201 се државјани на Македонија и на друга држава, 4.203 се државјани само на друга држава, а 584 лица немале државјанство.
Интересно е тоа што, додека двојно државјанство повеќе имаат мажите – 30.003, отколку жени – 23.198, државјани на друга држава кои живеат во нашата земја се повеќе жени – 2.824, од мажи – 1.379.
По старосни групи, најголем дел од резидентното население со двојно државјанство се на возраст од 35 до 39 години – 5.190 лица. Половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години – 11.768 или 22 отсто и активно население од 35 до 49 години – 15.171 или 28,5 проценти.
Од вкупно 53.201 граѓанин со двојно државјанство, најголем дел, 19.645, освен македонското, имаат и бугарско, по што следат 10.909 и со српско, 3.819 и со хрватско, 2.393 и со косовско и 2164 и со албанско државјанство.
Според етничката припадност, најголем дел од граѓаните со двојно државјанство се Македоцни – 58,8 проценти, потоа Албанци 16,04 отсто и Срби – 10,7 проценти.






