Со гол на Калиниќ во 63. минута од натпреварот Хајдук го победи Динамо Загреб со 1-0 на Пољуд.
Адеми го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб, стартер беше и Стефан Ристовски кој излезе брзо по примениот гол.
На пет кола до крајот на првенството, Динамо Загреб е прв со 66 бода, втор е Осијек со 64, а трет е Хајдук со 62.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=61wfJAnefNU autoplay:0]






