Брзината во населено место ја пречекориле 167 возачи, а 175 на отворен пат.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерки, покрај казнетите за брзо возење, казнети се 13 лица кои возеле без возачка дозвола, тројца не користеле сигурносен појас, шест возачи се казнети за користење мобилен телефон, двајца за минување на црвено светло, осум возачи возеле нерегистрирани возила, шест мерки се изречени за вградени неатестирани фолии – затемнети стакла…
Засилените акциски контроли продолжуваат, предупредуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






