вторник, 23 декември 2025

Пол-позиција за Леклер, Мерцедес потфрли во Бахреин

Објавено на

часот

Сподели

Почнаа возбудувањата од новата сезона во Формула 1, денеска Леклер беше најбрз во квалификациите и утре тој ќе стартува од пол-позицијата на ГН Бахреин. Неговото време беше 1:30.558.
 
До него, во првиот ред ќе стартува актуелниот шампион Макс Ферстапен, а трет е другиот возач на Ферари, Карлос Саинц, до него е Перез од Ред Бул.
 
Луис Хамилтон ќе стартува дури од третиот ред, тој имаше петто време. Дека Мерцедес нема да биде конкурентен во овие квалификации се види уште на тренинзите. На шесттата позиција е Ботас.
 
Во топ 10 се уште и Магнусен, Алонсо, Расел и Гасли.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ