недела, 21 декември 2025

Покрај Мбапе, во Реал Мадрид ќе пристигнат уште две големи засилувања

Објавено на

часот

Сподели

Престижниот спортски весник од Мадрид, „АС“ со насловната страна најави три засилувања за Реал во летниот преоден рок.

Покрај Килијан Мбапе, весникот ги објави и Антонио Ридигез од Челси и Орелиен Чуамени од Монако.

Килијан Мбапе долго време се поврзува со Реал Мадрид, неговиот договор со ПСЖ истекува, а францускиот клуб со сите средства се бори да го задржи, но се верува дека тој се одлучил да замине и да го облече белиот дрес на кралскиот клуб.

И Антонио Ридигер во Реал Мадрид би пристигнал како слободен играч. Неговиот договор со Челси истекува по крајот на сезоната. Проблем за англискиот клуб е тоа што се уште нема нови сопственици, па уште не може официјално да преговара со дефанзивецот за продолжување на соработката. Реал Мадрид е во пол позиција за неговиот потпис.

Фудбалерот на Монако, Чуамени блеска оваа сезона, со неговите игри го навлече вниманието на себе кај речиси сите гиганти, но Реал Мадрид бил најубедлив во преговорите и веројатно тие ќе ја добијат трката по играчот кој треба да биде идна голема ѕвезда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ