Раководството на клубот планира да прави голем ремонт во тимот, а тој треба да почне од нов тренер.
Две големи тренерски имиња се кандидати за наследник на Покетино, тоа се Антонио Конте и Зинедин Зидан.
Италијанските медиуми тврдат дека ПСЖ веќе преговара со Антонио Конте кој не е задоволен од неговата авантура во Тотнем.
Конте е тренер победник кој сака да освојува трофеи, италијанскиот стратег виде дека тоа не може да го прави со Тотнем бидејќи тимот нема капацитет за титули.
Даниел Леви сака успеси, но не сака да вложи доволно пари во засилување на составот, па голема е веројатноста да се разделат со Конте.
Конте во ПСЖ би ги имал сите услови кои вообичаено ги бара, а тоа се пари за трансфери и создавање на моќен тим.
За разлика од италијанските, француските медиуми тврдат дека Зинедин Зидан се уште е фаворит за нов тренер на ПСЖ.
Тој во Реал Мадрид се промовираше како специјалист за освојување на Лигата на шампионите, а токму тоа му треба на ПСЖ.
На страната на Зидан може да преовлада и тоа што е Французин.
Едно е јасно, Покетино нема да биде тренер на ПСЖ следната сезона, а клубот на негово место ќе донесе елитен тренер.






