понеделник, 16 февруари 2026

Покачување на пензиите и „ковид“ додаток, бара Пензионерскиот синдикат

Објавено на

часот

Сподели

Од Пензионерскиот синдикат нагласуваат дека параметарот за усогласување на пензиите според растот на просечната плата е изоставен од актуелниот Закон со неговата измена во 2018 година.

„Од тогаш навака пензиите повеќе стагнираат, отколку што растат (минимален раст согласно со индексот на трошоците за живот). Пред измената на Законот во 2018, соодносот на просечната пензија со просечната нето исплатена плата во Република Македонија изнесуваше над 60 отсто. Ако ја земеме за пример, исплатената просечна плата за ноември 2021 година (согласно ДЗС), просечната пензија би требало да изнесува 17,478 денари“, се вели во соопштението.

Од Синдикатот нагласуваат дека во дел од соседните земји, од прогласувањето на ковид кризата се уште се исплаќаат ковид додатоци за сите пензионери, во некои од земјите линеарно, додека во други земји, каде што пензионерите имаат подобри услови за живот, исто така добиваат ковид додаток кој е скалесто определен.

Затоа овој синдикат бара да се исплати ковид додаток со којшто ќе бидат опфатени сите пензионери и возрасни лица приматели на социјална помош и возрасни лица кои немаат никакви приходи.

„Сметаме дека пензионерите со најниски пензии треба да земат најголем износ на ковид додаток, за разлика од останатите, односно оние со повисоки пензии. Ова го велиме од причина што на примателите на пониски пензии не им се доволни средствата за набавување на одредени лекарства и суплименти за нивната здравствена состојба“, појаснуваат во соопштение.

Пензионерскиот синдикат е на ставот дека треба да се изврши измена на членот 37 од Законот за ПИОРСМ за усогласување на пензиите со кои ќе бидат опфатени параметрите: порастот на просечно исплатена плата и порастот на трошоците за живот, со кои ќе се овозможи редовно усогласување на пензиите и ќе се овозможи достоинствен живот на пензионерите

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ