И натпреварите во групи во Лигата на шампионите се возбудливи, но елиминациската фаза носи многу повеќе адреналин за фудбалските фанови.
Денеска почнуваат осминафиналните дуели и на почетокот веднаш имаме дерби, ПСЖ против Реал Мадрид.
Двете екипи целат на трофејот во Лигата на шампионите, а оваа битка ќе биде интересна и поради Килијан Мбапе.
Напаѓачот на ПСЖ се шпекулира дека од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, но се уште нема ништо официјално. Се вели дека неговата иднина ќе биде позната токму после овој осминафинален двобој.
Серхио Рамос поради повреда ќе го пропушти мечот против „својот“ Реал Мадрид.
Покрај овој дуел, вечерва ќе се одигра и првиот осминафинален натпревар меѓу Спортинг Лисабон и Манчестер Сити.
Утре имаме ново дерби, Интер против Ливерпул, а се игра и дуелот меѓу Салцбург и Баерн Минхен.
Осминафиналната фаза ќе продолжи следниот вторник со дуелите Челси – Лил и Виљареал – Јувентус.
А првата фаза ќе биде заокружена со дуелите Бенфика – Ајакс и Атлетико Мадрид – Манчестер јунајтед.






