Ова значи дека од вечерва на полноќ цената на еуросупер 95 ќе изнесува 86,5 денари, на еуросупер 98 – 88,5 денари, а цената на дизелот 88 денари.
Вчера Собранието ги усвои измените во законите за ДДВ и за акцизи, па денеска РКЕ ќе заседава за да ги усклади цените на горивата според овие измени.
Акцизата на горивата се намалува од 1,2 денари до 4,7 денари, додека ДДВ-то се намалува од 18 на 10 отсто.






