вторник, 10 февруари 2026

По Медведев, Чилиќ го победи и Рубљов на Ролан Гарос

Објавено на

часот

Сподели

Марин Чилиќ е пријатно изненадување на Ролан Гарос откако стигна до полуфиналето иако не му се даваа многу шанси за такво нешто.
 
Во осминафиналето Чилиќ го победи Данил Медведев, а сега од него настрада и Рубљов.
 
Првиот сет го доби Рубљов со 7-5, а потоа возврати Чилиќ добивајќи ги следните два со 6-3 и 6-4. Четвртиот сет му припадна на Русинот со 6-3, па се играше петти решавачки кој стигна до тај-брејк. Бидејќи се работи за тај-брејк од петтиот сет, се играше до десет, а Чилиќ беше убедлив со 10-2.
 
Ова е прво полуфинале за Чилиќ на Ролан Гарос, тој стана првиот Хрват кој играл полуфиналиња на сите четири грен слем турнири.
 
Чилиќ во полуфиналето ќе игра со победникот од скандинавскиот дуел меѓу Руд и Руне.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ