„Станува збор за непромислена и непримерна изјава од која министерството за хрватските бранители уште вчера се огради. Тоа не е никаков став на владата ниту на некој во владата“, им кажа Пленковиќ на новинарите.
Претставникот на министерството за хрватските бранители Матко Раос вчера во Сплит, при одбележувањето на 31-годишнината од формирањето на 9 единица на хрватските одбранбени сили, кажа дека „не би имало денешна Хрватска да не бил 10 април 1941“ (кога била формирана усташка Независна држава Хрватска НДХ).
Министерството, кое се огради од таа изјава, истакна дека Раос бил испратен исклучиво за да присуствува и да положи венец.
Во врска со усташкиот поздрав „За дом спремни“, Пленковиќ повтори дека тој е спротивен на уставот и законот кажувајќи дека прашањето е како тоа се применува од страна на одделните судови.
Порача дека Врховниот суд треба да ја изедначи судската пракса.
„Тоа е и денес забрането“, истакна хрватскиот премиер.






