По четири сезони поминати во Јувентус, Пјаниќ во 2020 година замина во Барселона, но не успеа да се прилагоди под водство на Роналд Куман по што минатото лето беше пратен на позајмица во Бешикташ.
Босанскиот фудбалер нема добар впечаток од Куман, вели дека Лапорта направил вистински потег кога него го заменил со Чави.
„Не можев да продолжам со Куман, тој е човек кој нема почит кон вас. Лапорта донесе одлична одлука со тоа што го назначи Чави за нов тренер. Сега тимот е силен и обединет, секој знае што треба да прави“, рече Пјаниќ.






