Евертон освои три големи бода во битката за опстанок откако на „Гудисон“ славеше со 1-0 против Челси.
Ришарлисон на стартот од вториот дел искористи една грешка на Аспиликета и донесе предност од 1-0.
Во продолжението, Челси имаше неколку добри шанси но Пикфорд правеше чуда и не дозволи да биде совладан.
На вториот натпревар од 15 часот, Тотнем со 3-1 го совлада Лестер. Кејн го отовори резултатот, а Сон со два гола ја потврди победата. Гостите во финишот преку Ихеначо стигнаа до почесен гол.






