Од 20.082 нови случаи, 7.966 биле откриени со ПЦР-тестови, додека 12.116 биле пријавени од луѓе што самите правеле брзи антигенски тестови.
Бројот на новозаразените го зголеми бројот на потврдени случаи на 1.016.944 од почетокот на пандемијата. Само на петтиот бран отпаѓаат повеќе од еден милион од овие случаи.
Официјалните лица објавија 265 новопочинати, од кои 259 биле пријавени во болниците, а другите се откриени во мртовечниците, со што бројот на починати од последици од коронавирусот во Хонг Конг достигна 5.401.






