понеделник, 22 декември 2025

Петровска и Брзн: Солидарни сме со Украина, посилни сме како НАТО сојузници

Објавено на

часот

Сподели

„Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина и стоиме единствени со сојузниците во НАТО во повикот кон Русија да прекине со воените дејствија кои се закана за безбедноста на Европа”, рече министерката за одбрана Петровска и додаде дека македонските граѓани се солидарни со граѓаните на Украина и дека безбедноста на нашата земја е гарантирана.

Петровска порача дека нашата јавност треба да биде сигурна дека државниот врв будно ги следи состојбите и ги превзема сите мерки за гаранција на безбедноста.

Амбасадорката на САД, рече  дека заедничката вежбовна обука во касарната  покажа зошто ваквите вештини се важни за Европа.

„Оваа вежба, оваа мисија која беше изведена маестрално демонстрираше дека ние навистина сме посилни заедно и иако ние како НАТО сојузници продолжуваме со напорите да бараме дипломатски решенија за руската агресија и да изнајдеме конструктивни исходи, нема да правиме компромиси за основните принципи, кои го вклучуваат правото на секоја земја да го избере својот пат и нашата способност да ги заштитиме и браниме сите сојузници”, рече Брнз.

Заедничката обука на македонските ренџери и специјалци со нивните американски колеги траеше шест недели и како што заклучија и министерката Петровска и амбасадорката Брнз, таа е уште еден доказ за определбата заедно да се развиваат способностите, интероперабилноста во Алијансата и сојузништвото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ