сабота, 20 декември 2025

Петков за мостови, Јотова и Генчовска за правата на Бугарите во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Двете влади напорно работат на тоа прашање, во Бугарија ја поставивме рамката што ја имаме, важна ни е европската иднина на РСМ. Имаме многу добра комуникација од двете страни на границата“, рече бугарскиот премиер.

Во бугарската делегација е и потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова како и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова изјави дека Македонија треба час поскоро да биде дел од Европската Унија, но дека тоа ќе се случи само ако се решат правата на Бугарите во Македонија.

„За Северна Македонија да биде членка на ЕУ, треба да се исполнат правата на Бугарите во Македонија. Тоа е позицијата на Бугарија. Се радувам што сум тука и што сум дел од овој настан“, рече Јотова.

Истото мислење го дели и Теодора Генчовска, министерката за надворешни работи на Бугарија.

„Како што беше кажано од премиерот и вицепремиерот, сите цели треба да бидат насочени кон правата на Бугарите на Македонија. Тоа ќе биде нашата основна цел, и се надевам со помошта на Собранието да бидат овозможени“, рече Генчовска.

Поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, кажа дека сите политичари треба да имаат една цел – правата на Бугарите во Македонија, напоменувајќи дека граѓаните на Македонија во Бугарија имаат подеднакви права со Бугарите.

„Да покажеме на граѓаните кои се тука и кои ни веруваат, дека основната задача на сите политичари ќе биде правата на Бугарите и дека Македонија ќе стане дел од ЕУ. Се радувам што сум тука на откривање на овој центар. Фактот што сме тука е добар знак, пред нас има многу работа“, рече Захариева.

Таа нагласи дека Бугарите во Македонија немале права и дека имало многу жалби за дискриминација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ