сабота, 20 декември 2025

Петков в сабота ќе го отвори културниот клуб на Здружението на Бугари „Ванчо Михајлов“ во Битола

Објавено на

часот

Сподели

Според неофицијалните информации, Петков ќе присуствува само на отворањето на клубот во Битола и веднаш се враќа за Софија, а Јотова и Захариева, како и  Костадинов ќе заминат за Охрид каде што, според најавите, треба да отворат библиотека.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди дека Петков Доаѓа во сабота, но нема потврда з аопфицијална средба.
„Со премиерот Петков договараме да има и официјална средба, но не можам да кажам дали ќе биде премиерот заради здравствената состојба, или некој од министрите на далекуводот Битола – Елбасан, а потоа тие ќе имаат свои ангажмани во Културниот центар во Битола во организација на Амбасадата на Бугариј“а, изјави Османи, одговрајќи на новинарски прашања на прес-конференција денеска во МНР.

Инаку, претходно бугарските медиуми јавија дека Јотова во Охрид ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам. Проектот е финансиран од бугарската Влада како дел од програмата на бугарското Министерство за надворешни работи „Бугарска помош за развој“. Јотова исто така планирано е да биде гостинка и на отворањето на канцеларија на Здружението за толеранција и соработка „Хоризонти“.

Според досегашните најави, не е предвидена средба на бугарските политичари со македонски политичари, а на отворањето на клубот во Битола ќе присуствуваат сите здруженија на македонските  Бугари.

Ж.П.Б.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ