понеделник, 22 декември 2025

Петков бара уставни гаранции за правата на Бугарите во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Ние сме за европската перспектива на Северна Македонија, како и на Албанија. Но, постојат одредени работи што треба прво да се решат, како што е почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија, со гаранции во рамките на Уставот. Имаме план и многу добра комуникација со Владата на Северна Македонија и се надеваме дека брзо ќе одиме напред“, вели Петков.

Во однос на случувањата во Украина, Петков изјави дека тоа е агресивен акт на војна против соседна држава, а жртвите од двете страни се последица на империјалистичките желби на еден авторитарен лидер.

„Затоа, задоволен сум што сите во Европа зборуваме во еден глас и велиме дека не може да остане неказнет. Барем финансиски за што презедовме акција, бидејќи, за жал, тешко е тоа да се направи воено зашто може да доведе до светска војна. Но, во секој случај го поддржуваме украинскиот народ, стопроцентно“, вели Петков.

На прашањето за руските барања НАТО да се повлече од Бугарија и од Романија, тој одговара дека целосно е против тоа.

„Не ми се допаѓа идејата некој да ни кажува што треба да правиме, а што не. Ние сме независна држава и сами одлучуваме. И не мислам дека во НАТО може да има два вида земји, земји со армии и земји без армии. Тоа е провокации од Москва и таква можност е целосно нереална“, изјави Петков.

Тој говори и за енергетската соработка со Грција, и вели дека по последните случувања „потребна е поголема диверзификација на енергетските извори“ и на тоа тесно работат со грчката Влада, а целта, како што рече, е „да се зајакнат енергетските поврзувања на двете земји преку гасоводот IGΒ, за Бугарија да има пристап до гасот од Азербејџан, но и до резервите на течен природен гас LNG во Александруполи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ