„Украина е многу тешка земја, многу тешка за нас. Во својата актуелна состојба таа е непријателски настроена кон нас“, кажа Песков.
Тој истакна дека Москва ја почнала инвазијата за да ги спаси двата источни региони со проруските бунтовници кои прогласија независност од Киев во 2014 и додаде дека верува дека рускиот јазик ќе биде вратен на своето заслужено место во Украина.
„Кога Европејците ќе се отрезнат од американскиот бурбон и ќе сфатат дека самите се одговорни за судбината на својот континент, ќе дојде време за повторна проценка на односите со Русија и дијалог“, порача Песков.
Оцени дека тоа не е краткорочна перспектива, но дека тоа време сепак ќе дојде.






