Руските сили соопштија дека го освоиле Мариупол и покрај постојаниот отпор на украинските сили во фабриката за челик Азовстал во регионот Донбас.
„Ќе дојде време да се одбележи Денот на победата во Мариупол“, одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифингот во петокот, на прашањето за плановите за 9 мај на територијата неодамна окупирана од силите поддржани од Русија.
Песков денеска рече и дека од Полска доаѓа непријателска реторика и дека Варшава би можела да биде „извор на закана“, пренесува Ројтерс.
Полска ги предводеше повиците до ЕУ да ги заостри санкциите, а западната алијанса НАТО да ја вооружи Украина додека се обидува да ги одврати руските сили што се излеаја на нејзиниот исток.
Полската министерка за животна средина и клима, Ана Москва, во понеделникот рече дека „Полска е горда што е на Путиновата листа на непријателски земји“.






