„Не, тоа не е вистина“, кажа Песков во интервју за францускиот канал ЛЦИ, одговарајќи на прашањето дали руската страна има планови да го убие Зеленски.
„Тој е претседател на Украина. Ние сме заинтересирани тој да се сложи со условите на Русија, за кои детално го извести руската делегација“, кажа Песков.
Според него, Русија е заинтересирана преку преговорите „да се стави точка на воената операција“.
Советникот на претседателот на Украина Михаил Подољак изјави дека Зеленски се обиделе да го убијат повеќе од десет пати.






