недела, 21 декември 2025

Пендаровски на средба со Ѓукановиќ во Цетиње

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот беа потврдени одличните традиционални партнерски и пријателски односи, како и плодниот политички дијалог меѓу двете држави, и информираат од македонската делегација.

Пендаровски ќе има средби и со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и со Дритан Абазовиќ, заменик премиер и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

Во Бар утре ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе му ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Македонија и Црна Гора.

Од Цетиње, Жана Поповска Божиновска

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ