вторник, 31 март 2026

Пауза во преговорите, ќе продолжат утре: „Има некакви резултати“

Објавено на

часот

Сподели

„Направена е техничка пауза во преговорите до утре – за дополнителна работа во работните подгрупи и допрецизирање на поединечните дефиниции. Преговорите продолжуваат“, изјави украинскиот преговарач Михајло Подољак.

Украина објави дека водела „тешки“ преговори со Русија за прекин на огнот, итно повлекување на војниците и безбедносни гаранции, истиот ден кога едно лице загина, а 12 беа повредени во гранатирањето станбена зграда во Киев.

Двете страни навестија дека на повидок има некакви резултати од разговорите, по претходните рунди разговори, кои првенствено се фокусираа на прекин на огнот и доставување помош до опколените градови и евакуација на цивилите.

Подољак рече дека разговорите биле тешки поради екстремно различните политички системи во Русија и Украина. Преговорите ќе продолжат во вторник, рече тој.

Според него, Русија сѐ уште има илузија дека насилството врз Украина е добра стратегија.

Русија, од друга страна, ја обвинува Украина дека ги користи цивилите како жив штит.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ