среда, 24 декември 2025

Партизан со уште една победа над Спарта се пласираше во осминафиналето од Конференциската лига (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Партизан оди понатаму во новото натпреварување на УЕФА, вечерва со 2-1 славеше над Спарта Прага која ја победи и на првиот меч.
 
Гомес беше во центарот на вниманието, тој ги даде двата гола за Партизан во првото полувреме, а во 66. минута доби и втор жолт картон по што беше исклучтен.
 
Спарта Прага намали преку Хлозек во 85. минута, но тоа беше се што направи чешкиот тим на овој двомеч.
 
Во осминафиналето ќе игра и Бодо/Глимт кој го победи Селтик со 2-0 и со вкупни 5-1 оди понатаму.
 
Лестер славеше уште една сигурна победа над Рандерс, овој пат на гостински терен со 3-1. Вкупниот резултат е 7-2 за англискиот тим.
 
Мечот меѓу Макаби Тел Авив и ПСВ заврши 1-1. Холандскиот тим победи во Ајндховен со 1-0 и оди понатаму.
 
Марсеј со 3-0 го победи Карабах на негов терен, францускиот тим со вкупни 6-1 оди во осминафиналето.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ