сабота, 27 декември 2025

Париз: Со калашникови упаднале во продавница на Шанел и украле стока вредна милиони евра (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Вредноста на украдената стока била проценета на милиони евра, а кражбата била снимена со камера. Интересно е што ограбената продавница е на само неколку чекори од Министерството за правда, соопшти француската полиција.

Четворицата провалници, кои носеле шлемови и биле маскирани во црно од глава до петици, биле снимени како излегуваат од продавницата за часовници и накит на Шанел на модерна трговска улица во центарот на Париз. Тие избегале со два мотори, а најмалку еден од нив бил вооружен со автоматска пушка АК-47.

Крадците мирно ја напуштиле продавницата со полни торби, без оглед на минувачите и сообраќајот. Снимката од грабежот што се појави на социјалните мрежи ја направил еден од случајните минувачи, кој го гледал грабежот од другата страна на улицата.

Продавницата по грабежот била привремено затворена, а обвинителството отвори истрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ