недела, 21 декември 2025

Папен го советувал таткото на Мбапе: Ако Килијан не отиде во Реал, ќе жали цел живот

Објавено на

часот

Сподели

Се верува дека Мбапе одлуката за својата иднина ќе ја соопшти по последното коло од француското првенство. Дилемата е позната, дали ќе го продолжи договорот со ПСЖ или ќе потпише за Реал Мадрид.
 
Жан Пјер Папен кој во 1991 година ја освои Златната топка, а сега работи како коментатор на Беин Спорт, своето мислење му го кажал на таткото на Мбапе.
 
„Разговаравме кратко и јас му реков: „Ако Килијан сонува да игра за Реал Мадрид, треба да оди во Реал Мадрид, во спротивно ќе жали цел живот“, отркива Папен.
 
Папен освои четири лига титули во Франција пред да замине од Марсеј во 1992 и да се пресели тогаш во Милан кој беше најмоќен тим во светот. Сега според Папен, Мбапе се соочува со многу слична одлука. Тој верува дека францускиот фудбалер веќе ги остварил своите цели во Франција откако по четврти пат освои лига титула со ПСЖ и време е да замине надвор.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ