понеделник, 22 декември 2025

Пандев: Херои, Македонија е горда на вас (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Македонија дојде на чекор до Светското првенство но не успеавме да се пласираме на Мундијалот. Синоќа загубивме со 2-0 од Португалија и не го остваривме сонот.
 
Но и покрај поразот, никој нема замерки за македонските фудбалери. Тие во овие квалификации направија и повеќе отколку што можеше да се замисли. Во групата ја победивме Германија на нејзин терен, а во полуфиналето од баражот ја расплакавме Италија која е актуелен Европски шампион.
 
Македонските фудбалери се разочарани, поддршка за нив стигнува од сите страни, а еден од првите кои им ја даде е Горан Пандев.
 
Пандев на социјалните мрежи напиша: „Херои, Македонија е горда на вас“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ