среда, 1 април 2026

Пакистанскиот премиер урнат со изгласување недоверба

Објавено на

часот

Сподели

За недоверба на Кан гласаа 174 од вкупно 341 пратеник, соопшти пакистанскиот парламент.

До сега во Пакистан ниеден премиер не е сменет од власта со изгласување недоверба во парламентот.

Негов наследник на чело на земјата од 220 милиони жители би требало да биде лидерот на Муслиманската лига на Пакистан Шехбаз Шериф.

69-годишниот Кан, познат по тоа што ја предводел крикет репрезентацијата, стана премиер во 2018 година.

Неговите поддржувачи се обидоа да го блокираат предлогот за недоверба, но врховниот суд му наложи на парламентот да го разгледа предлогот кој доведе до смена на премиерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ