вторник, 23 декември 2025

Падна првата жртва во ПСЖ

Објавено на

часот

Сподели

По поразот од Реал Мадрид на „Бернабеу“ и елиминацијата во Лигата на шампионите, медиумите најавија големи промени во ПСЖ.

Низ медиумите има многу шпекулации, се говори за можно заминување на Нејмар, Лео Меси, Серхио Рамос и уште неколку други имиња.

Според „Ле Паризиен“, прва жртва ќе биде Анхел Ди Марија, најдобриот асистент во историјата на ПСЖ ќе замине по крајот на сезоната.

„Светците“ нема да ја искористат клаузулата за продолжување на соработката за уште една година, ниту пак ќе му понудат нов договор на Аргентинецот и тој ќе замине кога ќе му истече актуелниот договор на 30. јуни.

Неговата замена ќе се бара во Барселона, „Радио Монте Карло“ пренесува дека ПСЖ ќе се обиде да го донесе Осман Дембеле, со кого „светците“ се во контакт со месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ