среда, 10 декември 2025

Основците веќе не мора да носат маски на училиште, предложи Комисијата за заразни болести

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата за заштита од заразни болести денеска ја разгледала епидемилошката состојба од минатата недела и врз основа на бројките и кретирумите за објективизирање на проценката на епидемиолошкиот ризик предложи три мерки.

„Првата мерка се однесува на носење маски во основни училишта, каде што ги ослободуваме од обврската учениците во основните училишта да носат маски. Обврската за носење маски останува за наставниците и за техничкиот персонал.

Втората препорака се однесува на капацитетот на исполнетост на затворени објекти, како опери, театри, кина и други затворени објекти, каде што досега функционираше рестрикција за максимална исполнетост од 50 отсто, сега одиме на 75 отсто.

Третата препорака се однесува на користење сертификати во отворени угостителски објекти, и препорачуваме да не се бараат сертификати во отворениот дел од угостителските објекти“, рече Петличковски.

Во однос на вакцините, тој кажа дека вакцинацијата е клучна алатка во борба против пандемијата и дека сега ќе се посветат на рекламирање на вакцинацијата, бидејќи, како што рече, пандемијата не е заклучена.

„Стандард за најдобра заштита е три дози вакцина и тоа интензивно ќе го објаснуваме“, изјави Петличковски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ