недела, 21 декември 2025

Oсмани: Деновиве лица од македонски институции се јавувале во Софија за да ги обесхрабрат преговорите

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа недела од Северна Македонија се јавувале во Република Бугарија кажувајќи дека непотребен е целиот тој ангажман затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение“, рече Османи и не откри за кои лица и за кои институции станува збор.

Сепак тој одаде дека овие лица се на иста линија со двајцата вработени во Државната агенција за национална безбедност на Бугарија што работеле за Македонија да нема европска иднина, а вчера ги посочи бугарскиот премиер Кирил Петков.

Бугарскиот премиер деновиве во неколку наврати изјави дека агенти на бугарската Државна агенција за национална сигурност – ДАНС се осомничени за шпионирање во корист на Русија и дека тие работеле во насока – Западен Балкан да нема европска иднина и односите меѓу Бугарија и Македонија да не се добри. Петков рекол дека е задоволен што ДАНС сама се справила со проблемот и што двете лица нема да работат повторно на ова прашање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ