Со тоа Илиевски од денеска ја продолжува работата како градоначалник во рамки на вториот мандат.
„Ќе продолжиме со работа, со заеднички сили, без поделби и без предрасуди, со исто темпо како првиот мандат, така и вториот. Имаме проекти започнати во вториот мандат јас мислам дека ќе ги завршиме, Општина Брвеница да докажеме дека е општина заедничка на Македонци, Албанци и на сите останати. Без поделби, без предрасуди и ќе продолжиме и во вториот мандат“, истакна Илиевски по доделувањето на уверението.
ОИК Брвеница уверенијата за избрани вкупно 15 советници во Советот им ги додели на 10 ноември, по што се одржа и конститутивна седница, но точката за избор на претседател беше префрлена за денешната втора седница.
Со осум гласови „за“ за претседател на Советот беше избран Роберт Милошевски, кој беше носител на листата со кандидати за советници од ВМРО-ДПМНЕ, партија од која доаѓа и градоначалникот.
За него гласаа шест советници на ВМРО-ДПМНЕ и двајца од коалицијата на СДСМ. Останатите седум советници, четворица од Коалиција Вреди и тројца од коалиција Национална Алијанса за Интеграција (НАИ) беа воздржани.






